Долниот дом на рускиот парламент го одобри во последното читање нацрт-законот што предвидува казни за оние што го кршат контроверзниот закон на земјата за „странски агенти“. Првпат донесен во 2012 година и проширен неколку пати законот им дава на властите моќ да означуваат невладини организации, групи за човекови права, медиуми и поединци кои работат во организации за кои се смета дека добиваат странски средства за политичка активност како „странски агенти“.
Законот бара од нив да ја приложат ознаката „странски агент“ на нивните публикации. Тие исто така мора да известуваат за нивните трошоци и финансирање.
Според нацрт-законот одобрен од законодавците доколку не се стави етикетата „странски агент“ може да се изречат казни до 2.500 рубли (речиси 30 евра) за физички лица и до 500.000 рубли (5600 евра) за субјекти. Покрај тоа, организациите означени како „странски агенти“ и кои работат без да бидат регистрирани како такви, може да се соочат со казни до 5 милиони рубли (56.000 евра ).
Предлог-законот ќе стапи на сила откако Горниот дом на парламентот го одобри и претседателот Владимир Путин го потпише.