Во Кривичниот суд во Скопје денеска обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ги дадоа заврши зборови за случајот „Таргет Тврдина“, кое се однесува за масовното прислушкување од Управата за безбедност и разузнавање (УБК) од 2008 до 2015 година.
Обвинителите на денешното рочиште објаснуваа пред Судот како се правело прислушвањето во УБК и како се обезбедени докази и на дел од сведочењата на сведоците кои работеле во Управата. Обвинителството истакна дека тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, имал можност од својата канцеларија нелегално да слуша разговори, без судски налог.
„Постоеле кориснички имиња со кои можеле директно од канцелариите да слушаат разговори. Г.Г. било корисничко име за Горан Грујевски, Н.Н. за обвинетата началничка Надица Николиќ, а имало и корисничко име „директор“, а тогашен директор на управата е Сашо Мијалков“, рекоа обвинителите.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. Во случајот „Таргет-Тврдина“ обвинети се 12 лица - поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, екс-директорот Сашо Мијалков и уште 10 вработени во УБК.