Конгресот ќе формира независна комисија за испитување на смртоносните нереди што се случија во Капитол во САД на 6 јануари. Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во писмо до нејзините демократските колеги наведува дека Комисијата ќе ги испита фактите и причините што се однесуваат на „домашниот терористички напад“ и „мешањето во мирниот трансфер на власта“. Пелоси веќе го определи пензионираниот генерал-потполковник Расел Хонор за проценка на безбедносните потреби на Капитол.
Раскин: Трамп е „главен потикнувач“ за насилниот упад
Врз основа на неговите привремени наоди, според Пелоси, Конгресот мора да одвои дополнителни средства за безбедноста на членовите и безбедноста на Капитол. Двопартиската поддршка за независна комисија се зголеми по ослободителната пресуда за поранешниот претседател Доналд Трамп на судењето за импичмент на 13 февруари. Неколку републиканци изјавија дека ја поддржуваат истрагата.