СЗО ја одобри вакцината на АстраЗенека од Индија и Јужна Кореја

илустрација

Светската здравствена организација (СЗО) итно ја одобри вакцината на АстраЗенека против коронавирус произведена во азиските земји.

Постапката отвора пат за дистрибуција на стотици милиони дози до загрозените земји кои сè уште не ја примиле вакцината против вирусот, изјавија денеска претставници на СЗО, пренесува АФП.

Вакцината на Астра Зенека има ограничено дејство против јужноафриканскиот вид

Одобрението се однесува на две верзии на вакцината АстраЗенека произведена во Индија и Јужна Кореја. Предвидено е со ова одобрение, земјите кои немаат средства самостојно да ја утврдат ефикасноста и безбедноста, ќе имаат побрз пристап до вакцината.