НАТО ќе го напушти Авганистан „кога ќе дојде време“, без опасност од ослабување на постигнатиот напредок, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Во Авганистан сè уште има многу проблеми. Одлуката за напуштање (на земјата) ќе биде донесена колективно, кога ќе дојде време“, рече Столетенберг пред дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО закажан за в среда.
Новиот шеф на Пентагон, Лојд Остин, неодамна изјави дека на состанокот ќе ја потврди посветеноста на Соединетите држави кон Алијансата и дека ќе им вети на сојузниците дека ниту една одлука нема да биде донесена без консултација со НАТО.
Бајден ветува нова ера во американската надворешна политика
Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги повлече сите американски сили од Авганистан најдоцна до средината на 2021 година.