Заев: Доста беше дебатирање, попис ќе има од 1 до 21 април

Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентрни избори заедно со локалните, а нагласи дека пописот дефинитивно ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава и дека нема веќе потреба од дебата за пописот, која „се води од 2012 година“.

„Доста беше дебатирање, дајте да седнеме да го завршиме тој попис. Ниту ќе смени нешто во ржавата, ниту ќе скрати, ниту ќе дополни одредени предности, правила, привилегии или било што. Ќе даде статистички податоци кои се многу важни за идното планирање во државата“, рече Заев на денешната прес конференција во Владата.

Тој нагласи дека обрска на секој граѓанин е да се попише и најави санкции за граѓаните кои нема да сакаат да се попишат.


Во однос на изборите на кои инсистира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека нема да има парламентарни избори заедно со локалните. Тој ги повика партиите кои сметаат дека има потреба од предвремени избори, да се изјаснат јавно.