Самоопределување со убедливо водство на изборите во Косово

Косово- поддржувачите на Самоопределуање ја прославуваат изборната победа, 14.02.2021

Според податоците на Централната изборна комисија на Косово која преброи повеќе од 50 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори кои се одржаа денеска во убедливо водство е Самоопределување на Албин Курти. Тоа двиежење, покажуваат резултатите освоило над 48 отсто од гласовите, а потоа следи Демократската партија на Косово со 18, 17 отсто, а на трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 13, 65 отсто.

Од Самоопределување побараа од граѓаните да не се собираат на јавни места да ја слават победата и да останат дома и поради пандемијата со коронавирусот, но и поради студенето време.

Алијансата за иднината на Косово доби 7, 85 отсто од гласовите. Нејзиниот лидер Рамуш Харадинај заклучи дека Движењето Самоопределување ќе биде победник на изборите, а што се однесува до неговата партија прогнозираше дека ќе освои околу десет отсто од гласовите.

Српската листа пак според овие првични резултати освоила 3,90 отсто од пребројаните гласови. Претседателот на Српската листа Горан Ракиќ рече дека според првичните резултати тие ги освоиле сите десет мандати во косовското собрание кои се резервирани за српската заедница.
Излезноста на изборите е 44, 51 отсто.