Поддржувачите на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, за денеска панираат протест користејќи ги светилките од своите мобилни телефони, батерии и свеќи. Тие планираат да го одржат протестот со кој ќе му искажат поддршка и покрај предупредувањата дека ако учествуваат во него може да се соочат со кривична одговорност.
Тимот на Навални ги повика неговите поддржувачи во Русија да ги уклучат светилките на своите мобилни телефони 15 минути пред 20 часот и да ги насочат кон небото од своите станови или дворови. Тие исто така може да изразат солидарност со Навални и држејќи батерии или свеќи во облик на срце. Организаторите велат дека оваа акција на Денот на вљубените Валентајн е под мотото „Љубовта е посилна од стравот“ и е одговор на „невидениот бран на насилство и репресија“ од безбедносните сили на последните собири.
Мирните протести имаат цел да и отежнат на полицијата да интервенира, но рускиот федерален медиумски регулатор веќе им нареди на медиумите да ги избришат сите извештаи за планираните протести во Томск, наведувајќи дека се предупредени дека и тие може да бидат одговорни за застапување на незаконски протести.