Стигнаа првите 4800 вакцини од Србија

На граничниот премин Табановце денеска стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, од Република Србија. Првите 4.800 од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена, но беше одложено поради технички причини, поради усогласување на техничка документација. Станува збор за вкупно 8000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија, а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот. Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40000 граѓани, а преку матичните лекари за вакцинирање се пријавени 12 652 лица.