Сенатот го ослободи Трамп за обвинението за поттикнување немири

Седница на Сенатот за импичмент на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, 13.02.2021

Второто судење за импичмент на Доналд Трамп заврши вчера со гласање со кое се ослободи поранешниот американски претседател од обвинувањата дека ги поттикнал немирите на шести јануари во Капитол во кој имаше и загинати.

57 сенатори гласаа за подигнување обвинение , а 43 против. Иако гласовите за подигнување обвинение беа повеќе сепак беа за десет помалку од потребните две третини од сенаторите.

Постапката за импичмент за Трамп поради поттикнување на насилствата беше поведена во Претставничкиот дом една недела пред да ја напушти претседателската позиција. Гласањето на Сенатот теоретски му овозможи на Трамп да се натпреварува на претседателските избори во 2024 година.