Полиција ја пребарувала канцеларијата на Навални во Челијабинск

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Полицајци влегле во канцеларијата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во областа Челијабинск и вршеле пребарувања, соопштија денеска активистите во објава на социјалната мрежа Твитер. Според нивната објава претресот се случил во канцеларијата во овој уралски град додека немало никој. Во објавата ги прикачуваат и фотографиите од растурената канцеларија која ја нашле откако дошле во неа.

44-годишниот Навални, кој е силен критичар на рускиот претседател Владимир Путин беше приведен на 17 јануари, откако се врати од лекувањето во Германија на кое беше поради напад со нервен гас, кој тој тврди дека се случил по нарачка на Путин. Кремљ пак тврди дека нема никаква врска со нападот врз Навални.