Русија воспостави санкции за украински компании

Русија воспостави санкции за девет украински компании со што го зголеми списокот на украински економски субјекти за кои има воспоставено такви мерки.

Меѓу компании кои се под посебни економски мерки се и укранската компанија за изградба на бродови Кранешип, карго операторот Трансшип, влечната фирма Донмар и производителот на метал Максима Метал. Во објавата не се наведува причината поради која овие компании се под санкции, а со нив бројот на украинските фирми кои се под руски санкции се искачи на 84.

Односите меѓу Украина и Русија се влошија од 2014 година кога Москва го анексираше Крим и почна со поддршката на сепаратистите во источна Украина. Во конфликтот досега загинаа повеќе од 13 200 луѓе.