Рускиот суд на 20 февруари ќе ја сослуша жалбата на Навални

Алексеј Навални

Судот во Москва на 20 февруари ќе ја разгледа жалбата на одлуката за преиначување на условната казна на опозицискиот политичар Алексеј Навални, со казна за одлежување реален затвор, објави весникот „РИА новости“.

Во денешниот извештај на РИА се вели дека информациите за рочиштето се добиени преку адвокат со знаење за одлуката на судот.

Критичарот на Кремљ Алексеј Навални на 2 февруари доби наредба да одлежи две години и осум месеци затвор, за прекршување на условна казна изречена врз него поради многу критикуваниот случај за проневера од 2014 година.

Навални не можеше да се јави во полицијата за условниот отпуст, бидејќи се опоравуваше од кома во Германија откако беше отруен со нервен агенс во Сибир минатиот август, во нападот за кој ги обвини рускиот претседател Путин и неговите агенти за безбедност. Кремљ ги отфрли обвинувањата.

Навални веднаш беше уапсен при враќањето во Русија во јануари, предизвикувајќи протести на целата земја и акција на полицијата против неговите сојузници и поддржувачи.