Претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио Јоширо Мори денеска на состанокот на организаторите на Олимпијадата да ја соопшти дека поднесува оставка по сексистичките испади во минатата недела. „Поднесувам оставка од позицијата претседател“, рече тој на почетокот на состанокот на Извршниот одбор за организирање на Олимпијадата. Одборот се очекува да го избере наследникот на Мори во текот на денов.
Организаторите на Олимпијадата тврдат дека игрите ќе се одржат
83 годишниот Мори, кој претходно беше премиер на Јапонија, на состанокот на јапонскиот олимписки комитет во минатата недела изјавил дека жените зборуваат многу, по што се извини, но исто така одби да даде оставка.
Скандалот со сексизам е уште еден проблем за Олимписките игри во Токио 2020 година, кои беа одложени за една година, поради пандемијата со коронавирусот.