Амбасадорите на земјите од таканаречената на „Голема петорка“ во Косово побараа од властите да обезбедат фер и безбеден изборен процес в недела, на 14 февруари. Амбасадорите на САД, Британија, Франција, Германија и Италија ја повикаа координаторката на Државното обвинителство, Лаура Пуља и другите институции за спроведување на законот и разговараа за одржување на предвремени парламентарни избори.
Здравствени работници во Косово ќе ги тужат политичарите ако се зголеми бројот на заболени од ковид-19 Пуља им ги изложи на амбасадорите постапките и мерките што државниот обвинител ги презема од 2013 година и подвлече дека главната улога е да ја штитат слободата на гласот на граѓаните.