Славески- околу 200 луѓе досега добија НАТО сертификат
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески вели дека околу 500 до 600 македонски државјани би требало да добијат НАТО сертификат, Државата досега побарала за 300, а околу 200 веќе имаат добиено. Десетина се одбиени, а за другите процедурата е во тек. Македонија е членка на НАТО од минатата година.