Српската опозициска Партија на слободата и правдата денеска оцени дека „Србија станала првата кинеска колонија во Европа“. Во партиското соопштение се вели дека „Кина одамна ќе станеше најбогатата земја во светот да имаше повеќе партнери како што е Србија за време на Вучиќ“.
ССА, предводена од Драган Ѓилас, исто така соопшти дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „се фали“ со растот на српскиот извоз во Кина во последните 10 години од 300 милиони евра, но дека во исто време увозот од Кина е зголемен за 1,8 милијарди евра .