Александар Лукашенко денеска започна „Народно собрание“, поканувајќи 2.700 луѓе да разговараат за политичките реформи. Опозицијата вели дека станува збор за претстава која треба да му помогне да се одржи на власт. Лукашенко, поранешен советски менаџер на колективни фарми, управува со Белорусија од 1994 година, но се соочи со невиден бран улични протести од претседателските избори во минатиот август кои, според опозицијата, биле очигледно наместени.
Група на ЕУ предлага политики кон Лукашенко, вклучително и санкции
Масовните апсења и сериозната акција на протестите предизвикаа нов круг на санкции од Западот, но Лукашенко се задржа благодарение на дипломатската и финансиска поддршка од традиционалниот сојузник Русија, која смета дека Белорусија е тампон-држава против НАТО. Лукашенко вели дека собранието би можело да расправа за нацрт-уставните реформи и политичари блиски до властите навестија можност за амнестија за политичките затвореници. Дводневниот настан се очекува да предизвика нови протести, кои тлеат со месеци. „Лукашенко собира лојалисти на т.н „сеопшто белоруско народно собрание“ за да го легитимизира узурпаторот во очите на народот“, вели Франак Вијачорка, советник на опозицискаѕа лидерка Свијатлана Циханускаја.