Демократските пратеници во вториот ден од импичментот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Сенатот започнаа со изнесување на деталите околу нивниот случајот. Пратеникот Џејми Раскин како главен обвинител во случајот пред Сенатот изјави дека ќе докаже дека Трамп „не бил невин набљудувач“ на настаните на 6-ти јануари, туку „главен поттикнувач“ на насилниот упад во Конгресот. Раскин и другите обвинители велат дека говорот на Трамп не бил реторички, туку бил „директен повик за насилство“ со конкретни упатства.
Правниот тим на Трамп смета дека Сенатот нема овластување за импичмент
Првиот ден од импичментот помина со процедурално гласање со кое се отвори патот за утврдување дали Трамп е виновен за „потикнување насилство “ во упадот на демонстрантите во американскиот Конгрес.
Во процедуралното гласање во Сенатот шестмина републиканци им дадоа поддршка на демократите, но за осуда на Трамп се неопходни 17 гласа од републиканците за да се достигне двотретинско мнозинство. Процесот се очекува да трае околу една недела.
Почнува судењето за импичментот на Трамп, исходот познат?
Тимот за одбрана на Трамп вчера го повика Сенатот да го отфрли судењето со образложение дека има уставни недостатоци и предупреди дека демократите спроведуваат „политички театар“ наместо правда.