Девет дисциплински постапки по случајот со српската докторка во Битола

Клиничката болница во Битола

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ќе забрани странски државјани да даваат здравствени услуги на пациенти во Клиничката болница во Битола, како една од мерките што ги донел Инспекторатот по вчерашниот вонреден надзор направен во оваа установа, а по информацијата дека на Гинеколошкото одделение во болницата царски рез на родилка извршило невработено лице од соседна Србија, без лекарска лиценца во Македонија.

Инспекторите фактичката сосотојба ја констатирале по увидот во медицинската документација за пациентката, како и изјави дадени од директорката и вработени во болницата. При вонредниот надзор инспекторите констатирале и дека поведени се дисциплински постпаки против 9 вработни во Гинеколошкото одделение, а двајца лекари се суспендирани од работа.

Во Обвинитеслството веќе е оформен предемет по добиена анонимна пријава на 12 јануари, кој сега е споен со кривичната пријава што завчера ја поднесе битолската полиција против лекарите. Кривична пријава е поднесена и против А. В. (33) од Белград, невработена докторка-гинеколог и сопруга на првопријавениот, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“ и кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.