Иран му се закани на Запад поради санкциите за нуклеарното оружје

Махмуд Алави, ирански министер за разузнавање

Иранскиот министер за разузнавање, Махмуд Алави, го предупреди Западот дека неговата земја може да изврши притисок за нуклеарно оружје доколку останат во функција „осакатувачките меѓународни санкции кон Техеран“, објави денеска државната телевизија, јави АП.

Забелешките на Алави означуваат редок случај кога владин претставник вели дека Иран може да го сврти својот пат кон нуклеарната програма. Техеран долго време инсистираше на тоа дека програмата е само за мирни цели. Во фатвата или религиозниот указ од 90-тите години на минатиот век од страна на врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, се вели дека нуклеарното оружје е забрането.

„Нашата нуклеарна програма е мирна и фатвата од врховниот водач забранува нуклеарно оружје, но ако тие го туркаат Иран во таа насока, тогаш не би биле виновни Иран, туку оние што го туркале. Ако мачката е заглавена, тоа може да покаже еден вид однесување што слободната мачка не би го направила“, рече Алави и додаде дека Иран не планира да се движи кон нуклеарно оружје во сегашните околности.

81-годишниот Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања во Иран, во неделата ги повика Соединетите држави да ги укинат сите санкции доколку сакаат Иран да ги исполни обврските согласно неговиот нуклеарен договор од 2015 година со светските сили. Сепак, претседателот eо Бајден рече дека САД нема да го направат првиот потег.