Фејсбук почна да ги отстранува дезинформациите за сите вакцини по години на штетни, неосновани здравствени тврдења кои се ширеа на нивната платформа. Компанијата најави дека, како дел од нивната политика за дезинформации поврзани со Ковид-19, ќе ги брише објавите со лажни информации за сите видови вакцини. Овие нови правила ќе важат за објави на корисниците, како и за платени реклами кои и досега беа забранети доколку содржат таков вид дезинформации. Правилата ќе важат и за објавите на Инстраграм, платформата која е од „иста куќа“ со Фејсбук.
Од Фејсбук изјавија дека компанијата веднаш почнува со спроведување на оваа политика, со, како што вели, особен фокус на страниците, групите и профилите кои ги прекршуваат овие правила. На мета ќе бидат т.н. „ехо-комори“ на дезинформации и со новите правила, групите каде корисниците неколку пати споделуваат забранети содржини, ќе бидат затворени. Фејсбук континуирано ги обновува своите правила поврзани со содржини за Ковид-19 од почетокот на пандемијата.