Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде „многу тешко“ за Соединетите држави да достигнат имунитет на стадо до септември. „Идејата дека ова може да се направи и можеме да добиеме статус имунитет многу пред крајот на ова лето е многу тешка“, изјави Бајден за Си-Би-Ес. Имунитет на стадо значи дека голем дел од популацијата станува отпорен на болеста или преку заразување или со вакцинација. Тоа го намалува пренесувањето на вирусот, дури и кај оние од популацијата кои немаат развиено имунитет. Научниците велат дека имунитетот на стадо бара најмалку 75 проценти од населението да развијат заштита, иако во случај на високоинфективни болести како што се сипаниците оваа бројка скокнува на скоро 95 проценти.
Војници ќе помагаат во ковид вакцинацијата во САД
Белата куќа вети дека ќе искористи најмалку 100 милиони дози на вакцините против ковид-19 во првите 100 дена од новата администрација. Тоа е еквивалентно на вакцинирање на 50 милиони луѓе со две дози во земјата со 330 милиони жители. Заклучно со 7 февруари, употребени се околу 41,2 милиони дози вакцини, а 9,1 милиони луѓе го примиле целосниот режим на две дози на вакцините на Фајзер и Модерна одобрени за употреба во САД.