Израел укинува некои од ограничувањата за коронавирусот

Илустрација.Израел.

Израелските берберници и други продавниците повторно се отворени од денеска, кога земјата започна да го олеснува третиот пакет ограничувања поради коронавирусот, во услови на интензивна вакцинација, објави агенцијата АФП.

Владата во петокот објави дека укинува некои од ограничувањата наметнати од декември, кога земјата забележа пораст на инфекциите со Ковид-19.

Додека официјално не беше дозволено да се отвораат продавници, многу мали продавници правеа трансакции со клиенти што стојат надвор.

Од декември, повеќе од 3,4 милиони од девет милиони израелски жители примиле вакцина против коронавирус што се смета за најголема имунизација во светот по глава на жител.

Израел регистрира дневно во просек по 6.500 нови случаи на заразени од Ковид-19, што е помалку од околу 8.000 во средината на јануари.