Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска оцени дека „работите се комплицираат “околу Косово и Република Српска (РС).
Тој ги повика Србите во Косово да гласаат за Српската листа на изборите на 14 февруари, велејќи дека е важно да има претставници во „привремените органи на власта“ кои, како што рече, „можат да одржат безбедна и силна врска со својата Србија“.
Бајден: САД ќе подржат постигнување на траен договор со Косово
Коментирајќи ја изјавата на поранешниот косовски премиер и лидер на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, за обединување на сите Албанци, Вучиќ рече дека Харадинај е „многу опасен човек“ кој не лаже кога зборува за обединувањето на Косово и Албанија.
„Тие постијано одат со тоа, прашање на време е кога ќе стигнат до ѕид“, рече Вучиќ, одговарајќи на прашања на новинарите во Панчево, каде присуствуваше на демонстрација на можностите на делови од единиците на Армијата на Србија
Тој додаде дека Харадинај се заканува дека ќе го собори од власт „по втор пат“ и дека тоа прво го „ветувал“ сè до Свети Никола во 2019 година, кога имаше протести во Белград.
„Секогаш е можно, Харадинај е сериозен политичар и многу опасен човек, во секоја смисла. Јас сум премногу мал за да можам да им се спротивставам на сите во околината или на најголемата светска сила која од нас бара меѓусебно признавање , но јас сум доволно голем да не учествувам во понижување. на сопствениот народ или во уривање на сопствената држава “, рече Вучиќ.
Вучиќ додаде дека Србија е подготвена за дијалог, под покровителство на ЕУ, почитувајќи ја позицијата на САД, но и на Русија и Кина, но исто така, како што рече, и себе си.
„Да дозволам Србија да биде понижена и да дозволи некој да и земе сè на Србија, а за тоа да не добие ништо освен тапкање по грбот, јас нема да го сторам тоа. Но, нема да го лажам народот и да кажам дека ситуацијата ќе биде полесна. Ќе биде се потешка. Бидејќи нивните конфликти во светски рамки се се потешки “, рече Вучиќ.