Бајден: САД ќе поддржат постигнување на траен договор со Косово

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден го честиташе Денот на државноста на Србија и рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Србија во европските интеграции, реформите и постигнувањето траен договор со Косово „кој е фокусиран на меѓусебно признавање“.

„Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европска интеграција и ве охрабруваме да продолжите да преземате тешки чекори кон таа цел, вклучително и воведување на потребните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање“, вели Бајден во писмото со честитки до Александар Вучиќ, кое беше објавено на веб-страницата на претседателот на Србија.

Вучиќ: Се комплицираат работите меѓу Косово и РС

Како што е наведено, Бајден рече дека се радува на соработка со претседателот на Србија за продлабочување на пријателските врски и зајакнување на односите меѓу Србија и Соединетите држави.

"Силата на нашата врска се заснова на длабоката историја на врски меѓу нашите народи кои се бореа како сојузници во двете светски војни. Ние исто така ја цениме нашата блиска соработка во борбата против пандемијата на корона вирусот, додека заедно се соочуваме со овој невиден глобален предизвик, „додаде тој.