Шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, повторно ги отфрли критиките во германските медиуми дека Европската унија доцни со нарачувањето на вакцини од фармацевтските компании.
Таа денеска за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ рече дека борбата на Европа да добие дози е поврзана со „глобален недостиг на важни состојки што се користат во производството на вакцини“.
Таа додаде дека ако сите биле свесни во тоа време за ризиците вклучени во започнувањето на масовното производство, тогаш ќе биле ублажени очекувањата за брза вакцинација.