Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 од направени 2,727 тестирања. Најмногу заболени се регистрирани во Скопје – 180.
Регистрирани се 101 оздравени пациенти.
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје(53, 60г), по еден смртен случај е регистриран од Штип (70г), Струга (88г), Струмица (55г), Дебар (67г), Радовиш(79г) и Берово (83г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, а на починати е 2.916. Бројот на активни случаи изнесува 7.948. Досега направени се вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19.
Филипче: Се очекува да пристигнат 200 000 кинески вакцини