Министерот за здравство Венко Филипче денеска на пресс конференција кажа дека Владата на вчерашната седница одлучила да набави 200.000 кинески вакцини кои кои се очекува да стигнат во најкус можен рок, а се наменети за 100 илјади лица.
Министерството за здравство во понеделник ќе го потпише договорот и реализира плаќањето.
На прашање кога ќе пристигнат кинеските вакцини Филпче не прецизираше рок, но рече дека важано е оти земјава ќе обезбеди значајна количина на вакцини за поголем број граѓани.
Тој рече дека е направен детален план за транспорт , и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови , како и начинот на спроведување на вакцинација.
"Се очекува 2000 до 2.500 граѓани да бидат вакцинирани на дневна основа .За секој граѓанин што ќе прими прва вакцина, обезбедена е и втора по 21 ден . Секој граѓанин ќе добие соодветен сертификат", изјави министерот Филипче.
Вакцина прво ќе примаат здравствените работници , кои работат со Ковид - пациенти во клиники и домови за стари лица , како и матични лекари и вработени во лаборатории. Здравствените работници ќе се вакцинираат на еден пункт, а другите од Скиопје во поликлиниката ,,Букурешт" , а од други градови во вакциналните пунктови во градовите.
Во првата фаза, можност за вакцинација добиваат и сите граѓани над 70 години.
Станува збор за бројка од околу 14.200 здравствени работници и над 170 илјади лица кои имаат над 70 години.
Во втората фаза, се вакцинираат: лица над 65 години, лица од 18 до 64 години со коморбидитети, здравствени работници ИЈЗ и ЦЈЗ, фармацевти, стоматолози и друг здравствен пероснал, вработени во витални институции како полиција, војска, парламент, Влада, во образовни институции и градинки со предност на оние кои одат со физички присуство на работа
И во третата фаза се вакцинираат сите преостанати лица од повеќе групи: вработени во други важни дејности, како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена, банкарство, земјоделие, образование, здравство со низок ризик на зараза и сите други граѓани кои сакаат да примаат вакцина на возраст од 18 до 64 години.
Во трета група се сите граѓани , кои ќе се регистрираат во ситемот ,,Мој термин" , рече Филипче.
Термините за вакцинација ќе ги закажуваат матичните лекари преку „Мој термин“ но ќе има можност и за електронска апликација.
Следната недела ќе биде готова он-лајн апликација преку која ќе се врши закажување за вакцинација. Сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат ќе може да се пријават преку оваа апликација , по што системот Мој Термин ќе испорача точен термин за вакцинација.
Покрај набавените 200 000 вакцини министерот рече дека во меѓувреме се очекуваат и останатите количини вакцини од Ковакс системот и другите системи за кои сме аплицирале за вакцина.
Според најавите на Владата, во февруари треба да пристигнат 5.800 вакцини на „Фајзер“ а компанијата треба до крајот на годината да испорача 800 илјади доволни за вакцинација на 400 илјади граѓани. Преку Ковакс системот, во заклучно со јуни треба да бидат испорачани 103 илјади вакцини на производителот „АстраЗенека“ а до крајот на годината вкупно 833 илjади дози.
На прес конференцијата зборуваа и доктор Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација и Жаклина Чагоровска од „Мој Термин".
„ Сѐ уште се чекаат официјални насоки од Светската здравствена организација но најверојатно и во северна Македонија вакцината на „АстраЗенека“е нема да се дава на граѓаните кои имаат над 65 години. Ова се должи на фактот што вакцината на овој производител нема има послаб ефект кај овој тип на популација“ рече д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација.