Општествени науки се преименува, сексуално образование - изборен предмет

Мила Царовска

Предметот општествени науки, од прво до трето одделение преоѓа во наслов Човек и општество, а од четврто до деветто Историја и општество.

Ова синоќа го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за Канал 5, откако претходно во собраниската Комисија за образование, наука и спорт на јавна расправа беше ставена Нацрт-концепцијата за основно образование.

Истакна дека јавноста треба да се чувствува безбедно и оти ова зборува дека ги слушнале граѓаните и оти не сакаат нивниот страв да продолжи : "Никако оваа реформа, освен преку лажната вест, не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање, порача Царовска.

Царовска, во синоќешното интервју за Канал 5 рече дека ќе се изучува сексуалното образование во основните училишта, но како изборен предмет во деветто одделение.

Таа дополни дека во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта каде што треба да се воведе од наредна година пилотирање на изборен предмет сексуално образование, во 9. одделение.