Бајден: Трамп не треба да добива разузнавачки брифинзи

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју емитувано на 5 февруари посочи дека нема да дозволи поранешниот претседател Доналд Трамп да добива класифицирани разузнавачки брифинзи, повикувајќи се на „непостојаното однесување“ на Трамп.

Бајден одби да шпекулира што Трамп би можел да стори со класифицирани информации, но рече дека „нема потреба“ тој да ги прима брифинзите, кои традиционално им се даваат на претходните претседатели.

Во интервју за Си-Би-Ес, Бајден рече: „ Какво влијание има тој, освен фактот дека може да се лизне и да каже нешто? “

Прес секретарот на Белата куќа, Џен Псаки, претходно оваа недела изјави дека прашањето за доделување разузнавачки брифинзи за Трамп е во фаза на разгледување. Дали минатиот претседател ќе добива разузнавачки брифинзи, зависи од актуелниот претседател.

Правниот тим на Трамп смета дека Сенатот нема овластување за импичмент

Поранешниот претседател следната недела ќе се соочи со неговото второ судење за импичмент под обвинение за поттикнување востание во говорот пред приврзаниците на 6. јануари непосредно пред да упаднат во Капитол. Бајден рече дека неговиот став дека Трамп не треба да добива брифинзи не е поврзан со немирите во Капитол. Тој рече дека не треба да ги прима „заради неговото непостојано однесување кое не е поврзано со востанието“.