САД планираат да распоредат 1.100 активни војници за да помогнат во напорите за вакцинирање за ковид- 19. Администрацијата на претседателот Џо Бајден денеска објави дека пет тимови војници, вклучително и медицински сестри и клинички персонал, ќе започнат со работа во рок од две недели. Екипите се очекува да можат да дадат околу 6.000 вакцини на ден.
Таквиот чекор доаѓа откако коронавирусот уби повеќе од 447. 000 Американци и во услови кога администрацијата на Бајден ја најави новата стратегија за спротивставување на пандемијата. Началникот на Генералштабот на Белата куќа, Рон Клајн неодамна изјави дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби работи со Пентагон за распоредување на 10.000 војници и отворање 100 центри за вакцинација низ целата земја.
За време на претходната претседателска администрација на Доналд Трамп, армискиот корпус на инженери и повеќе од 47.000 војници на Националната гарда ги поддржаа напорите во борбата против ковид-19.