Кремљ: Коментарите на Бајден за Русија се агресивни

„Ова е многу агресивна, неконструктивна реторика, за наше жалење“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за коментарите на Бајден.

Кремљ денеска ги опиша коментарите на американскиот претседател Џо Бајден за Русија како „агресивни и неконструктивни“, но рече дека се надева оти двете земји можат да ги остават на страна своите разлики и да соработуваат таму каде што има смисла, јави Ројтерс.

Бајден вчера во своето прво дипломатско обраќање како претседател вети нова ера на надворешната политика на САД и рече дека му рекол на рускиот претседател Владимир Путин да очекува „помускулест“ американски пристап кон врските со Москва. Бајден разговараше со Путин телефонски минатиот месец, за прв пат откако ја презеде функцијата.

„На претседателот Путин му ставив јасно до знаење, на многу различен начин од мојот претходник, дека деновите на Соединетите држави кои се превртуваат пред агресивните активности на Русија, мешајќи се во нашите избори, сајбер напади, труејќи ги своите граѓани - завршија, “, рече Бајден.

Руските власти негираат мешање во изборите во САД или труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, кој неделава беше затворен во московскиот суд на скоро три години во врска со случај за измама, за кој рече дека е фалсификуван.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот пред новинарите изјави дека коментарите на Бајден се разочарувачки.

„Ова е многу агресивна, неконструктивна реторика, за наше жалење“, рече Песков.