Навални ги повика своите приврзаници да ја ослободат Русија од „крадците“

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој оваа недела беше осуден на скоро три години затвор, ги повика своите приврзаници да го надминат стравот и да ја ослободат Русија од „крадците“ на власт. „Тие можат да останат на власт и да ја користат за нивно лично богатење, потпирајќи се само врз стравот. Но, ние, надминувајќи го тој страв, можеме да ја ослободиме нашата татковина од оваа група крадци што ја окупираа“, напиша Навални на својот профил на Инстаграм.

САД бараат итно ослободување на Навални

Судскиот процес за клевета на Навални започнува денеска во Москва. Критичарот на Кремљ 2 февруари беше осуден на 32 месеци затвор за кршење на условите на претходната условна казна, додека тој беше на лекување во Германија откако беше отруен со нервен отров.