Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу ги обвини САД дека стојат зад неуспешниот воен удар во 2016 година во Турција, за кој Анкара го обвини муслиманскиот проповедник Фејтулах Ѓулен. Сојлу за турскиот весник Хуриет изјави дека САД се обиделе да управуваат со пучот, а мрежата на Ѓулен го изведувала воениот удар, додека „Европа беше воодушевена по тој повод“. „Многу е јасно дека САД стојат зад 15 јули“, посочи Сојлу.
Анкара бара елиминација на структурите на Фето во Македонија
Вашингтон претходно негираше каква било вмешаност во неуспешниот воен удар. САД повеќепати ги одби барањата на Анкара за екстрадиција на Ѓулен со образложение дека нема веродостојни докази за негова вмешаност. И Ѓулен и неговата организација, за која Анкара ја користи кратенката ФЕТО, негираат вмешаност во неуспешниот воен удар од 15 јули 2016 година.