Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека во февруари ќе започне вакцинацијата против ковид-19 и дека за кратко време ќе бидат покриени сите критични категории. Тој негира дека властите потфрлиле во набавката на вакцини.
„200.000 кинески вакцини ќе имаме за сигурен почеток. Сите вакцини се безбедни. Не потфрливме во набавката на вакцини, ние имаме еден од најподготвените системи, голем број од земји во регионов немаат стигнато до вакцини, во февруари и во други земји ќе започне вакцинацијата“, изјави Филипче за ТВ24.
Тој појаснува дека први ќе се вакцинираат здравствените работници кои работат со ковид, постари граѓани постари и граѓани со хронични болести, и дека во Министерството веќе имаат списоци со име и презиме. Според него преговорите со компаниите за вакцини се оптоварени со многу детали, а измената на законот била заради регистрација на продуктот од странско преставништво. Филипче додава дека Србија имала предност бидејќи таму има преставништво на Фајзер.