Новиот извештај на групата создадена од Конгресот ја повика администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да го продолжи рокот што го има американската армија за повлекување на преостанатите свои трупи од Авганистан. Во својот извештај, објавен вчера, Авганистанската студиска група препорача задржување на американските трупи во земјата во која се водат судири „со цел да му се даде на мировниот процес доволно време за да се добие прифатлив резултат“.
Авганистанската студиска група е двопартиски мандатно тело со конгресно соборство под Институтот за мир на САД. Во извештајот се вели дека Соединетите држави имаат голем интерес да го заштитат Авганистан од тоа „да стане повторно безбедно прибежиште за терористите“.
Според договорот од февруари 2019 година, што САД го потпишаа со талибанците, Вашингтон се обврза да ги намали своите трупи во Авганистан на нула до мај 2021 година.