НАТО го поздрави и го поддржа продолжувањето на договорот за контрола на нуклераното оружје „NEW START“, за уште пет години, соопштија од седиштето на Алијанската во Брисел.
Во соопштението се наведува дека НАТО сојузниците веруваат дека овој договор ќе придонесе за меѓународна стабилност. НАТО изразува силна поддршка за понатамошно спроведување на договорот и поддршка на активниот дијалог за тоа како да се подобри стратешката стабилност.
Сојузниците се одлучни да ги поддржат постоечките договори и обврски за разоружување, за контрола на наоружувањето и неширење на оружјето.
На продолжувањето на договорот, НАТО гледа како на почеток, а не како на крај на напорите за решавање на заканите од нуклеарното оружје и како на нов предизвик за стратешка стабилност.
САД денеска потврдија дека договорот е продолжен за уште пет години.