Пандемијата на коронавирус дава шанса за нов поредок во светската политика, сметаат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш и други светски политичари.
„Светот ќе биде поинаков по пандемијата. Актуелната криза дава можност да се постигне консензус за меѓународниот поредок преку ефекасна соработка, солидарност и координација, односно поредок што ќе се потпира на мултилатерализам и владеење на правото“, стои во текстот објавен во Франкфуртер алгемајне цајтунг, кој, покрај Макрон, Меркел и Гутереш, го потпишале и претседателот на Сенегал, Маки Сал, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на Европската унија, Шарл Мишел...
Тие во текстот нагласуваат дека кризата со Ковид-19 е најголемиот тест за светската солидарност и дека треба да се извлечат поуки за идни кризи.