Истражителите на СЗО го посетија истражувачкиот центар во Вухан

Членови на тимот на Светската здравствена организација со задача да го испитаат потеклото на коронавирусот

Истражителите на Светската здравствена организација го посетија истражувачкиот центар во кинескиот град Вухан како дел од истрагата за потеклото на пандемијата на коронавирусот. Посетата на тимот на СЗО на 3 февруари на Институтот за вирусологија во Вухан е најважна во нивната мисија да соберат податоци во Кина, додека земјите продолжуваат да вршат вакцинации за кои владите ширум светот се надеваат дека ќе стават крај на пандемијата. Институтот изгради архива на генетски информации за коронавирусите кај лилјаците по епидемијата на Тежок акутен респираторен синдром (САРС) во 2003 година.

Тим на СЗО по трагите на ковид-19 во Вухан

Тоа доведе до недокажани обвинувања дека може да има врска со првичната епидемија на ковид-19 во Вухан кон крајот на минатата година. Кина силно ја негираше таа можност и промовираше недокажани теории дека вирусот може да потекнува од друго место или е пренесен во земјата од странство со увоз на замрзната морска храна. Теориите се отфрлени од меѓународни научници. Тимот на СЗО вклучува експерти од 10 нации. По две недели во карантин, тие започнаа да работат на терен во минатата недела, а досега ги посетија болниците, истражувачките институти и традиционалниот влажен пазар поврзан со многу од првите случаи.