Адвокатите на Доналд Трамп велат дека Сенатот на САД нема овластување да му суди на поранешниот претседател како приватен граѓанин под обвинение за импичмент за немирите во Капитол во минатиот месец, додека демократските пратеници побараа негово осудување под обвинение за поттикнување востание.
Тимот за одбрана на Трамп и Демократите на Претставничкиот дом кои ќе служат како обвинители поднесоа брифинзи до Сенатот, една недела пред почетокот на судењето за импичмент.
Трамп најми нови адвокати за судењето за импичментот
Претставничкиот дом во минатиот месец покрена импичмент, обвинувајќи го Трамп за поттикнување на востание во говорот пред приврзаниците на 6 јануари пред да упаднат во Капитол, прекинувајќи го официјалното конгресно одобрување на изборната победа на демократот Џо Бајден. Опсадата, во која загинаа полицаец и уште четворица, дојде откако Трамп во повеќе наврати тврдеше - без да обезбеди докази - дека победил на изборите против Бајден и дека процесот бил „наместен“. Тимот за одбрана на Трамп негира дека тој играл улога во поттикнување на смртоносните немири, додавајќи дека Сенатот нема овластување да го суди Трамп како приватен граѓанин. За осудување на Трамп ќе биде потребно двотретинско мнозинство, што значи дека 17 републикански сенатори треба да им се приклучат на 50-те демократи на Сенатот на гласањето, што се чини неверојатно.