Руската вакцина „спутник V“ е околу 92 проценти ефикасна против симптоматскиот Ковид-19, покажуваат прелиминарните резултати од испитувањето. Откритијата се засноваат на анализа на податоци на повеќе од 20.000 учесници во тестирањето, од кои три четвртини примиле вакцина.
Ниту еден сериозен несакан настан не бил поврзан со вакцината, а повеќето пријавени несакани реакции биле лесни, вклучувајќи симптоми слични на грип, болка во местото на инјектирање и слабост или мала енергија.
Вакцината, поддржана од Рускиот фонд за директни инвестиции се дава во две дози со разлика од 21 ден. Студијата вклучила 2.144 учесници на возраст над 60 години, а вакцината беше 91,8 % ефикасна против симптоматски болести, напишаа истражувачите во списанието „Лансет“.
Недостиг од вакцини во ЕУ, во игра и руската
Слично на вакцината направена од Универзитетот „Оксфорд“ и „Астра зенека“, „спутник В“ се заснова на изменета верзија на аденовирус, вирус на обична настинка. Таа е направена да носи генетски упатства за создавање шилест протеин на коронавирусот, кој ја пренесува заразата во човечките клетки