Грција доби уште 728 милиони евра заеми од ЕУ

За финансирање на системот за економска поддршка на вработените, Грција денеска доби уште 728 милиони евра во вид на заем, преку европската програма за привремена поддршка за ублажување на ризиците од невработеност во итни случаи. Информацијата ја соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку нејзиниот Твитер профил.

„Задоволство ми е да соопштам дека Грција денеска доби дополнителни 728 милиони евра во заеми преку СУРЕ за финансирање на системот за скратено работно време и поддршка на вработените. Вкупно, Грција има добиено 2,7 милијарди евра“, напиша на грчки јазик Лајен на Твитер.

Според грчките медиуми, станува збор за четвртата рата финансиска помош од конкретната програма.

Лидерите на ЕУ и натаму без договор за економскиот пакет

Претседателката на ЕК, преку Твитер исто така соопшти дека вкупно девет земји денеска добија транша од европската програма, а за секоја земја, Лајен напиша посебен твит, на јазикот на конкретната земја.