Претседателот на Олимпискиот организациски комитет во Токио денеска порача дека Олимписките игри ќе се одржат.
„Без оглед каква би била ситуацијата со коронавирусот, ние ќе организираме игри. Не треба да разговараме дали да одржуваме игри или не, туку за тоа како треба да ги одржуваме“, рече поранешниот јапонски премиер Јоширо Мори.
Морија го поддржа и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, откако во меѓувреме се појавија вести дека Олимпијадата може повторно да се откаже.
Ќе биде ли кризата поголема и од Олимпијадата?
Соопштено е дека Олимписките игри ќе бидат отворени на 23 јули со 11.000 спортисти и десетици илјади судии, официјални лица, медиуми, спонзори и други. Потоа следува параолимпијадата на 24 август со 4400 спортисти. Одлуката за публиката ќе биде донесена на пролет, но најверојатно публиката од странство ќе биде исклучена.
Најновите анкети покажуваат дека околу 80 проценти од јапонската јавност смета дека игрите треба - или ќе треба - повторно да бидат откажани или одложени. Организаторите мора да ги уверат дека Олимпијадата ќе се одржи и дека тие ќе бидат безбедни во земјата што го контролира КОВИД-19 подобро од повеќето земји.