Европскиот суд за човекови права денеска треба да донесе пресуда во врска со обвинувањата за сексуална злоупотреба на три деца во бугарско сиропиталиште. Обвинувањето е дека децата биле сексуално злоупотребувани пред нивното посвојување од италијанска двојка во јуни 2012 година. Станува збор за едно момче и две девојчиња кои биле сместени во сиропиталиште во Бугарија. Тие тогаш биле на возраст од 12, 10, односно девет години. Тие во моментов живеат во Италија.
Обвинувања за силувања во Србија и соочувањето со вистината
Неколку месеци по посвојувањето, посвоителите пријавиле кај различни италијански власти дека нивните деца биле подложени на сериозно сексуално злоставување додека биле во сиропиталиштето во Бугарија. На различни датуми во 2012 и 2013 година, децата биле прегледани од двајца италијански психолози специјализирани за случаи на злоупотреба на деца. Италијанската полиција подготви и писмен запис заснован на видео-снимките.