Состанок на ЕУ и НАТО за новата администрација на САД

Јенс Столтенберг.

Денеска ќе се одржи состанок ЕУ-НАТО посветен на новата американска администрација и односите со Турција. На состанокот ќе присуствуваат претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

САД и ЕУ со осуда за приведувањата на протестите во Русија

Во телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД, Џо Бајден и германската канцеларка, Ангела Меркел што се одржа во минатата недела, како што соопшти Белата куќа, Западен Балкан е меѓу надворешно-политичките приоритети на новата американска администрација. Тогаш двајцата државници истакнале дека меѓу приоритетните теми биле Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина, како и Западен Балкан, каде што е актуелно прашањето за решавање на односите и постигнување договор меѓу Белград и Приштина.