Попладнево во Софија е приведен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски по распишана меѓународна потерница од македонските власти, потврдуваат за Радио Слободна Европа извори од македонското Министерство за внатрешни работи.
Спасов избега во 2019 година. Тој беше осуден во 2011 година на 14 години затвор за убиството на Нешкоски. До бегството дојде откако една година беше на лекување, а не во затворот во Идризово. Меѓународната потерница беше распишана на 29 октомври 2019 година откако истражните органи не го пронајдоа на територија на Штип и на целата држава.
Спасов беше осуден на 14 години затвор поради убиство на Нешкоски вечерта на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.