Блинкен најави можна реакција на САД за случувањата во Русија

Американскиот државен секретар Антони Блинкен

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека администрацијата на претседателот Џo Бајден разгледувала можна реакција против Русија откако тамошната полиција употреби сила за да ги растера демонстрантите собрани со барање за ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални.
Во интервјуто емитувано денеска Блинкен вели дека е длабоко вознемирен од насилната реакција.

Руското министерството за надворешни работи пак тврди дека Вашингтон стои зад протестите. Во интервјуто, кое е снимено вчера Блинкен не споменува специфични санкции кон Москва.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протести и апсења во Русија

Инаку, повеќе од 4.000 демонстранти беа приведени откако Русите на 31 јануари излегоа на улиците на протестите кои беа одржани на национално ниво, втор викенд по ред. Насобраните бараат да биде ослободен од затвор Навални, а полициските сили за сузбивање на демонстрации беа распоредени во голем број и беа снимени како ги влечат демонстрантите до возилата кои чекаа, како ги тепаат и употребуваат електро тизери против учесниците во протестите.