Соработничката на Навални во куќен притвор до март

Портпаролката на Алексеј Навални Кира Јармиш на сослушување во судот во Москва, 22.01.2021

Руски суд и одреди домашен притвор до 23 март на Кира Јармиш, секретарка за односи со јавноста на опозицискиот политичар Алексеј Навални. Судот денеска ја потврди оваа мерка која беше на барање на рускиот истражен комитет според кој Јармиш ги прекршила безбедносните и здравствени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот со повикување на масовни протести за поддршка на Навални.

Таа и неколку други соработници на опозицискиот лидер беа притворени на 21 јануари за повикување на незаконски протести, а на 22 јануари им беше одредена мерка притвор во времетраење од девет дена. Братот на Алексеј, Олег Навални и двајца други негови соработници веќе се во домашен притвор до 23 март поради слични обвинувања.

Навални беше уапсен на 17 јануари по неговото враќање од Германија, каде пет месеци се лекуваше од труење со нервен агенс, за што ја обвини руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и претседателот Владимир Путин. Кремљ ги отфрли ваквите обвинувања.

Еден ден по неговото враќање во Русија, изречена му е затворска казна во трање од 30 дена, а како причина за апсењето е наведено прекршување на условната казна од 2014 година, кога е обвинет за проневера