Опозивиската ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, и за министерот а правда Бојан Маричиќ, покрај интерпелацијата за вицепремиерот Никола Димитров.
За двете интепрелации денеска информираше поранешната кандидатка за претседател на државата и актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска - Давкова, која, како што рече, ги посочува „овие две личности како најодговорни за корупцискиот жив песок во кој што тонеме, како веројатно најкорумпираната европска држава и една од најкорумпираните во светот“.
„Ние сме редок пример на Влада во која што има министер со посебна одговорност да се бори со корупцијата. Во случајот ако сме на 111 место, формирањето на посебното министерство за мене е институционален илузионизам. Кога е во прашање пак министерот за правда, во случајов низ призма на ова срамно место, министер за неправда, тогаш исто така се поставува прашањето, како е можно да не се предвиди овој настан бидејќи нисто не настанува од вчера за денес, може да се види во овие четири години како се продлабочувала корупцијата“, рече Давкова на денешната прес-конференција.
Денеска во Собранието требаше да се рсправа и за интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, поднесена од опозицијата, но на денешната координативна седница на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери, било договорено таа расправа да се најде на собраниска седница в среда.